pozarnikari2

Запален автомобилот на охридскиот адвокат Мишел Наумоски

Охрид, 17. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска по полноќ бил запален автомобилот на охридскиот адвокат Мишел Наумоски.

Тој за „Макфакс“ вели дека бил паркиран на улица „Партизанска“ во центарот на Охрид и го потврди настанот.

Автомобилот бил запален со експлозивна направа и заплива течност. Адвокатот Наумоски вели дека сторителите се непознати, но снимени на безбедносни камери. Причината е непозната, а неофицијално се поврзува со професионалниот ангажман на Наумоски.

Опожареното возило било целосно оштетено, а во гаснењето на огнот учествувале екипи на противпожарната бригада. На увид излегле екипи на СВР Охрид. Во моментов се врши вештачење на опожареното возило. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива