Невремето предизвика штети и го отежна сообраќајот во Охрид (Фото)

Охрид, 17. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Силното невремето, проследено со врнежи од дожд и град, кое го погоди Охрид нешто после 14:30 часот предизвика штети и го отежна сообраќајот во градот.

Висината на штетите дополнително ќе се утврдува, а забележително беше и отежнатото движење на возилата по градот, пред се` поради улиците, од кои дел беа покриени со вода.

Делови од Охрид веќе „традиционално“ се соочуваат со вакви проблеми при секои поголеми врнежи од дожд. Проблемите се особено големи во центарот и стариот дел на градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес