tepacka1

Во спортска обложувалница претепан 60-годишен жител на струшко Враништа

Охрид, 18. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради претходно нарушени меѓусебни односи, лицето Г.Ј. од Струга, вчера, во 11:30 часот во спортска обложувалница во струшко Враништа физички го нападнал 60-годишниот Б.М. од истото село.

– На Б.М. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Струга, каде од страна на доктор му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива