Спорт

Гудуриќ го потпиша договорот со Мемфис

Мемфис, 1. август 2019 (ОХРИДПРЕС)Српскиот кошаркар Марко Гудуриќ потпишал повеќе годишен договор со Мемфис Гризлис, соопшти клубот. Гудуриќ изминатите две сезони ги мина во редовите на Фенербахче.

Гудуриќ ќе ја засили бековската линија во овој тим, чија главна цел наредната сезона ќе биде промоција на младите играчи.

Клубот не објави на колку години е потпишана соработката, медиумите претпоставуваат дека се работи за три или четири годишен договор.

Во кариерата Гудуриќ бил играч на ФМП Железник, Црвена ѕвезда и Фенербахче. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука