policijaopsta

Овчар од Дебар усмртен од гром кај струшки Локов

Струга, 21. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, околу 04:30 часот, во Полициската станица во Струга, лицето С.Н. пријавило дека на местото викано „Славило“, над струшкото село Локов, бил пронаjден починат 35-годишниот У.Е. од Дебар, кој напасувал стока и најверојатно починал од удар на гром.

– Увид ќе се врши во текот на денот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива