rampagornaporta

Искршена рампата кај Горна порта, крим техника ќе ги открива сторителите

Охрид, 21. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска беше искршена рампата кај Горна порта. Информацијата за Супер радио и OhridPress ја потврдија од ЈП „Билјанини извори“ и потврдија дека рампата за регулирање на сообраќајот во овој дел била оштетена и отстранета.

– Случајот е пријавен во полиција, сега понатамошната постапка е во рацете на крим техника кои ќе работат на откривање на сторителите, изјави директорката Гордана Јованоска.

Инаку од вчера рампите кај Горна порта и кај охридската Пошта се вратија во функција за регулирање на сообраќајот. Во моментов, по синоќешниот настан функционира само рампата на улицата „Македонски Просветители“ кај поштата.

Поставената рампа кај Горна порта и новиот систем за контрола на сообраќајот во Стар Град наиде на реакции кај граѓаните од стариот дел на градот. Својот револт го изразија со отстранување на рампата, откако со започнувањето на шпицот на сезоната, движењето во овој дел на градот беше сериозно отежнато. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес