Uefa best player

Роналдо, Модриќ и Салах во изборот за најдобар играч на сезоната според УЕФА

Нион, 21 август 2018 (ОХРИДПРЕС) – УЕФА ги откри трите номинации кои ќе се борат за престижната награда за најдобар фудбалер во Европа за изминатата сезона.

Кристијано Роналдо и Лука Модриќ заедно со Мохамед Салах ќе го дадат името на победникот на 31 август, ден по извлекувањето на групите во Лигата на шампионите во Монако.

Португалецот се закити со наградата минатата сезона и влезе во конкуренција за повторување на успехот поради петтиот трофејот во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и наградата најдобар стрелец во најелитното клупско натпреварување шеста година по ред. Неговиот поранешен соиграч, Модриќ, покрај титулата во Лигата на шампионите, со Хрватска го освои второто место на Мундијалот во Русија и беше избран за најдобар играч на турнирот. Фудбалерот на Ливерпул одигра рекордна дебитантска сезона за тимот од „Енфилд“, играјќи во финалето од ЛШ и рушејќи неколку достигнувања во Премиер лигата.

Но сите се прашуваат каде е Лионел Меси и дали Аргентинецот оправдано заврши на петтата позиција?

Пред ѕвездата на Барселона заврши и Антоан Гризман, кој можеби и заслужи место меѓу најдобите тројца, со оглед на светската титула со Франција и победата во Лига Европа со Атлетико Мадрид.

Меси ја освои Примера и беше прв голгетер во Европа, освојувајќи ја рекордната петта „Златна копачка“ со 34 гола во домашниот шампионат. (Крај)

извор: Гол.мк фото: Уефа