November 13, 2018
Sved

Швед одбил четири НБА клубови поради Химки

Москва, 21 август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Рускиот кошаркар Алексеј Швед имаше четири понуди од НБА лигата, но одлучи да остане во Европа и да продолжи со соработката со екипата на Химки, откри неговиот агент – Абрад Фимиќ.

Еден од најдобрите кошаркари има годишни примања од четири милиони долари, а договорот му е до 2020 година.

– Секоја година, НБА тимовите покажуваат интерес за Швед. Сезонава понуда испратија Њу Орлеанс, Мемфис, Минесота и Феникс, а најдобрата понудена плата беше четири милиони долари, што не беа во интерес на нашата побарувачка.Исто така беа понудени и два минимални договори. Луѓето во НБА лигата мора да сфатат дека Швед не треба да се докажува, па затоа неговата вредност е далеку повисока, изјавил Фимиќ. (Крај)

извор: Вечер фото: архива