ohrid_fest_2018_640x360

Големи музички имиња дел од јубилејното издание на фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“

Охрид, 21. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дел од балканската пејачка елита ќе настапи на јубилејното 25-то издание на фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“, кој ќе се одржи на 6-ти, 7-ми и 8-ми септември во Охрид.

Подготовките се при крај, а фестивалот и годинава ќе се одржи на охридското крајбрежје.

Покрај домашните фолк и поп изведувачи, на сцената ќе продефилираат дел од најпознатите музички имиња на Балканот. И годинава доаѓа Владо Калембер, потоа Жак Хоудек, Ален Исламовиќ, Мерима Његомир, група Балканика, минатогодишната победничка од Грција, Елизабет Христоу, Карлос од Бугарија и многу други.

Своја шоу-програма ќе има и балканска пејачка на народна музика Нада Обриќ, која на фолк вечерта, на 6-ти септември ќе ги отпее своите најголеми хитови.

На јубилејниот, 25-ти Интернационален музички фестивал “Охрид Фест – Охридски трубадури“ ќе му се оддаде почит на рок и поп пејачот Влатко Илиевски, кој со години наназад беше редовен учесник на фестивалот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива