lisiciuapsen

Лице барано со потерница од Интерпол уапсено на „Ќафасан“

Струга, 1. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – На Граничниот премин „Ќафасан“, на влез во Република Македонија, пред два дена, на 29-ти овој месец, бил лишен од слобода 41-годишниот Д.Л. од Албанија, лице по кого била распишана меѓународна потерница од Интерпол, Виена.

– Истиот се барал за екстрадиција во Австрија за сторено кривично дело „вооружен грабеж“. Д.Л. бил изнесен пред Основното јавно обвинителство во Струга, по што бил предаден на Основниот Суд во труга, каде на 30.08.2018 година му била одредена мерка екстрадиционен притвор, во траење од 30 дена. Лицето е предадено во Казнено поправната установа, Затвор „Охрид“, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива