kloveropsto

Open House во „Кловер“ – бесплатни работилници и игротеки

Охрид, 4. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Образовниот центар „Кловер“ започнува со промотивниот период кој ќе трае до 20-ти септември.

Во текот на следните денови дел од  услугите може да ги добиете бесплатно, информираат од „Кловер“.

– среда, 5-ти септември, 18:00 часот – игротека по англиски јазик за деца на возраст од 4 до 6 години;
– четврток, 6-ти септември, 18:00 часот – работилница по германски јазик за деца на возраст од 6 до 10 години;
– петок, 7-ми септември, 18:00 часот – работилница по италијански јазик за деца од 7 до 12 години.

Од „Кловер“ додаваат дека услугите се целосно бесплатни и учесниците на истите нема да имаат никаква понатамошна обврска.

– Доколку сакате да ги видите нашите методи на работа Ве очекуваме. Поради ограничениот капацитет резервирајте место на телефон 046/254-390. Распоредот за услугите за наредната недела ке биде објавен во понеделник, информираат од Образовниот центар „Кловер“. (Крај)

извор: Кловер фото: Кловер