policija6

Жител на струшко Лабуништа измамил охриѓанец за 20.000 евра

Охрид, 4. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишниот М.С. од село Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

– На 16-ти ноември минатата година, во ресторан во Охрид, пријавениот со писмена изјава од 52-годишниот С.Ј. од Охрид, кој привремено престојува во Република Германија, примил 20.000 евра за проект за изградба на куќа, како и за хотелско сместување. Во наредниот период, С.Ј. не можел да воспостави контакт со пријавениот, по што на 3-ти март оваа година се вратил во Охрид и го пријавил настанот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива