simonapopovska

Охриѓанката Симона Поповска со нов видео запис за „Ти си моја победа“ (Видео)

Охрид, 7. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Симона Поповска сними нов видео запис, за прв пат со кадри од родниот Охрид за песната „Ти си моја победа“.

Станува збор за летен хит кој го промовираше неодамна во радискиот етер, во сосема поразличен стил од предходните песни чие комплетно авторско дело е на Роберт Билбилов. За изработка и реализација на видеото се погрижи Андреј Ѓоргиевски, снимен е на три локации – во Охрид на плажа, на Галичица и во Скопје. Спотот изобилува со летни и помалку жешки сцени, затоа што и песната со нејзиниот стил го бара тоа.
Спотот е помогнат од Signori, Belina – брендот на кој Симона е заштитно лице на нивните парфеми и органска козметика, Doctors, Behealty и Promoitalia. За нејзината шминка и фризура се погрижи стилистот Бабан Тодоровски.

извор: ОхридПрес фото: архива