Cist Ohrid pozarna 3

„Чист Охрид“ со акција за чистење околу зградите наспроти охридската пожарна

Охрид, 7. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Неформалната граѓанска иницијатива „Чист Охрид“ денес ја спроведе најавената 28-та акција за чистење.

Под мотото „Да го исчистиме нашето соседство“ акцијата се одвиваше околу зградите наспроти Територијалната противпожарна единица, а беа собрани 15-на вреќи со најразличен отпад. Кон акцијата масовно се приклучија активисти на „Чист Охрид“, жители од овој дел и други граѓани, учествуваа и неколкумина млади од Норвешка, кои дознале за настанот преку социјалните мрежи и сакале да помогнат во чистењето.

Cist Ohrid pozarna 2

Cist Ohrid pozarna 4

Cist Ohrid pozarna 1

Свој придонес кон акцијата даде и екипата на Супер радио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес