soobrakajkapreseka

Тешка сообраќајка на Пресека

Охрид, 7. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Тешка сообраќајка се случи вечерва, нешто пред 22:00 часот во близина на планинскиот превој Пресека.

Во незгодата во која учествувале две возила марка „Опел“ и „Рено“ нема загинати лица, а е причинета поголема материјална штета. До овој момент нема потврдени информации за бројот на повредени лица.

Неофицијално, до директниот судар помеѓу двете возила дошло поради неприлагодена брзина на условите на патот, како и поради непочитување на поставените сообраќајни знаци.

Сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид беше во прекин околу половина час, по што беа создадени услови за движење на возилата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес