posta ohrid

Охриѓанец починал на работно место

Охрид, 10. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во 21.34 часот во Полициската станица Охрид, вработен во „Телеком“- Охрид, пријавил дека на влез во објектот на „Македонски Телеком“ на улица „Партизанска“ бил пронајден починат М.С.(46) од Охрид, вработен во Агенција за обезбедување, која била задолжена за обезбедување на објектот.

Од страна на доктор од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб. (Крај)

извор: МВР фото: архива