eko galicica 2

Проектот „Еко Галичица 2018“ поддржан и од „Преспа бајк“

Охрид, 11. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Амбициозниот проект „Еко Галичица 2018“ на Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „Зш Авантура“ препознаен и од бројни здруженија од земјава. Последната поддршка доаѓа од Велосипедско планинарскиот клуб „Преспа бајк“ од Ресен.

Покрај мапирање и чистење на повеќе локации, целта на проектот е и промоција на авантиристичкиот туризам на Галичица, која нуди одлучни услови.

Минатата недела по петти пат членовите на „Преспа бајк“ ја реализираа познатата „Тур де Галичица“. Се сврти круг од околу 80 километри и планинарска тура до Лако Сигној. Како поддршка на проектот на збратименото здружение „Зш Авантура“, беа мапирани места на кои имаше ѓубре и потоа отпадот беше депониран, вели претседателот на Велосипедско планинарски клуб „Преспа бајк“, Кристијан Ќулумовски.

eko galicica 3

prespa bike 1

eko galicica opsta

– Од година во година масовноста на „Тур де Галичица“ е се поголема, со се поголемо учество на вљубеници во природата, велосипедизмиот и авантуристичкиот туризам. Во изминатите две години вклучивме и планинари. Ние од „Преспа бајк“ како поборниции за чиста средина ја поддржуваме акцијата на нашето збратимено здружение „Зш авантура“, а за в година планираме заеднички еко проект, потенцира Ќулумовски.

eko galicica

eko galicica 4

Благодарност за соработката упати претседателот на Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „Зш Авантура“, Жанко Голабоски.

– Со пријателите од Ресен имаме одлична соработка. Сакам да упатам и пофалба за градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, кој ги пратеше велосипедистите во поголемиот дел од рутата, а средба остваривме на Асан Џура. Беше запознаен со проектот „Еко Галичица 2018“. И самиот како поборник за авнтуристички туризам му се допадна иницијативата и предложи догодина да направиме и заедничка акција, истакна Голабоски.

Во изминатиот период во рамки на овој проект беа одржани повеќе велосипедски еко патроли на планината Галичица, се мапираа критичните точки, особено околу видиковците и селата на кои беше забележан најразличен вид отпад, по што следуваа акции за расчистување на последиците од нашата некултура. Се одржа и планинарски марш на кој учествуваа и други планинарски и еколошки друштва од земјава, а во втората половина на август беа спроведени патроли со родители и деца низ Галичица.

„Еко Галичица 2018“ продолжува со несмалено темпо и во наредните два месеци, со еко патоли, едукација на населението и чистење на планината Галичица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес