lift 2

Албански државјанин паднал во отвор за лифт во Охрид

Охрид, 11. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа околу 22.30 часот во објект во изградба на улицата „Абас Емин“ во Охрид, Џ.В.(48) од Република Албанија паднал во необезбеден отвор за лифт од висина од околу еден метар и 70 сантиметри.

Со возило на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош бил задржан на лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се превземаат мерки за расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива