sklekovi sabac

Срби се успале и не го урнале Гинисовиот рекорд во масовно правење склекови

Шабац, 12. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Над 1500 луѓе се успале и не успеале да го урнат Гинисовиот рекорд во Шабац.

Организаторите очекувале во 8 часот наутро да пристигнат 1 800 луѓе, а се појавиле само 296.

Група млади во Шабац решиле да го урнат Гинисовиот рекорд во масовно правење склекови , што го држат Обединетите Арапски Емирати со 1645 луѓе. Целта на организаторите била да собере 1800 луѓе на градаскиот стадион во Шабац, зашто сметале дека во град со 55 000 жители, кој има околу 5 000 спортисти, тоа ќе биде лесна задача. Освен тоа, ги повикале и учениците од средните училишта.

Но најголемиот број не можел да се разбуди во 8 часот и обидот пропаднал.

„Жално, навистина. Никој не очекуваше ваков дебакл.” , изјавил Ѓорѓе Рашиќ, еден од организаторите. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива