shpanija-evro-2028

Шпанија сака организација на Евро 2028 или на Мундијалот 2030 година

Мадрид, 13. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската федерација на Шпанија сериозно размислува за организација на еден од два можни големи турнири во следната деценија, најавија меидумите од Пиринеите, а идејата веќе била презентирана пред претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.

Како што објавија шпанските медиуми, желба е да се организира Европското првенство во 2028 година или пак Светското првенство во 2030 година. Организацијата на Евро 2024 за која конкурираат Турција и Германија, УЕФА ќе донесе одлука на 27 септември, а многу брзо ќе следи и отворањето на процесот на кандидатури за следното Евро 2028. Во јуни годинава во Москва, пак, САД, Канада и Мексико со заедничка кандидатура го добија Мундијалот во 2026, а многу брзо ќе започне кандидирањето за Мундијалот во 2030, за кои првично имаше желба да се организира во Уругвај и Аргентина, симболично за да се одбележи еден веќ од Светските првенства и првиот Мундијал во Монтевидео, престолнината на Уругвај во 1930 година.

Шпанците идејата за организација е еден од двата големи турнири на Инфантино му ја пренеле премиерот Педро Санчес и првиот човек на РФЕФ, Луис Рубијалес. Интересно Шпанија сама би го организирала Евро 2028, додека за СП можна е заедничка кандидатура со Португалија и Мароко, особено што од 2026 година Мундијалот ќе се игра со 48 селекции. Мароко загуби од американската кандидатура на гласањето во Москва за домаќин на СП 2026.

Шпанија досега го организирала СП во 1982 година, додека на Европско првенство прв и последен пат била домаќин во 1964 година. (Крај)

извор: Спорт1 фото: архива