Sietlwnba

ВНБА: Сиетл Сторм ја освоија титулата

Сиетл, 13. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарките на Сиетл Сторм ја освоија титулата во женската НБА лига (WNBA) откако во финалната серија славеа против Вашингтон Мистикс со 3:0.

До трофејот кошаркарките од Сиетел дојдоа без пораз,последниот меч од серијата, Сиетл Сторм го добија убедливо со 98:79.

Сиетл, третиот меч од финалната серија го реши во првото полувреме, кога стекнаа предност од 16 поени. Кошаркарките од Вашингтон, во вториот дел, се обдоа да се вратат во мечот, но најмногу што направија е што ја спуштија разлика на осум поени, некаде на средината на полувремето.

Наташа Хауард го предводеше Сиетл со 29 поени и 14 скока. МВП на финалето е нејзината колешка Бријана Сјуарт која во просек постигнувала по 25,6 поени по натпревар. Ианку, Сјуарт ја доби МВП наградата и за најкорисна кошаркарка во регуларниот дел од сезоната.

извор: Топспорт фото: архива