Серена Вилијамс убедлива против Шарапова на УС Опен
Њујорк, 27. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Американката Серена Вилијамс ја совлада руската тенисерка Марија Шарапова со 2-0 во првото коло на Грен слем турнирот во Њујорк.
Двата сета осмата носителка ги доби со по 6:1.
Од првите десет фаворитки во 2.коло досега пласман изборија Ешли Барти (2. носителка), Каролина Плишкова (3. носителка), Елина Свитолина (5.носителка) и Медисон Кис (10. носителка).
Вкупниот награден фонд на УС Опен е 57,2 милиони долари. (Крај)
извор: Плусинфо фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |