MK-Kosovo kosarka

Македонија стартуваше со победа на гости кај Косово

Приштина, 14. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Македонската кошаркарска репрезентација го доби првиот натпревар од втората фаза на претквалификациите за Евробаскет 2021, откако на гостувањето кај Косово стигнаа до 76:73 (20:16, 14:13, 14:20, 28:24).

Нашата репрезентација почна подобро и постојано беше во водство, а Косовците се вратија само во третата четвртина, а во последната четвртина тимот на Јорданчо Давитков го издржа притисокот за многу важна победа на која ќе се гради пласманот на првенството.

Бојан Трајковски беше најефикасен во нашиот состав со 17 поени, Дамјан Стојановски имаше 15, а Стојан Ѓуровски имаше 14 поени. Кај Косовците, Дардан Бериша го носеше тимот со 32 поени.

Следниот меч Македонија го игра во недела во Скопје, кога во СЦ „Борис Трајковски“ гостува Романија со почеток од 18:15 часот. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива