improvokacija_2018_640x360

Со Импровокација се отвора новата театарска сезона во Охрид

Охрид, 14. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Стартува петтата сезона на популарното шоу Импровокација.

И во оваа сезона за забавата ќе се погрижат „импровокаторите“, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и секако Филип Ангеличин Жура, овојпат засилени со Никола Јосифоски  Најавуваат нови игри, многу забава и насмевки.

Најновата Импровокација е закажана за утревечер, 15-ти септември во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21:00 часот.

Со ова започнува новата театарска сезона 2018/19 на Народен Театар – Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива