kokainvrekicka

Повеќе од еден тон кокаин запленет во воена база во Еквадор

Еквадор, 14. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од еден тон кокаин наменет за Мексико е запленети во една база на еквадорското воено воздухопловство, а двајца војници се уапсени, соопштија локалните власти.

– Неколкумесечната истрага доведе до идентификација на мрежа за шверц на дрога, предводена од членови на воздухопловните сили, рече директорот на единицата на борба против наркотици Карлос Алулема.

Припадниците на полицијата и обвинителството извршиле претрес во базата во манта, пристаниште на Тихиот Океан и пронајде повеќе од 1,1 тони кокаин, складирани за „подоцна да бидат испратени во Мексико“. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива