eurovision-2019-israel

Евровизија во Тел Авив наместо во Ерусалим

Лондон, 14. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Шеесет и четвртото издание на изборот за песна Евровизија ќе се одржи во Тел Авив, наместо во Ерусалим, соопштија организаторите на музичкиот натпревар.

Како овогодишен победник на Евровизија, на Израел му припаѓа правото да биде домаќин на манифестацијата следната година. Израелските власти првично сакаа изборот на најдобра евровизиска песна да се одржи во Ерусалим, но по контроверзното признавање на градот како престолнина на Израел од страна на САД, властите се повлекле од таквите намери, пренесуваат светските медиуми.

Организаторите посочуваат дека Тел Авив е избран за домаќин на Евровизија, затоа што претставува „креативен и задоволувачки предлог“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива