Стартува проектот „Дебрца-Археолошка топографија на старите градови и тврдини 2018“

Охрид, 14. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески оствари средба со проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, од Филозофскиот факултет во Скопје и неговиот истражувачки тим, со што и официјално беше означен почетокот на проектот „Дебрца-Археолошка топографија на старите градови и тврдини 2018“.

– Во рамките на проектот ќе се врши археолошки мониторинг на 10 најзначајни археолошки локалитети со цивилизациски карактер на територијата на општина Дебрца, изработка на археолошка, техничка, наративна и илустративна фото/видео документација. Археолошките истражувања ќе ги врши истражувачки тим од Филозофскиот факултет Скопје, предводен од археологот, проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс. Средствата за реализација на проектот, во износ од 100.000 денари се обезбедени од буџетот на општина Дебрца, конкретно од Програмата за развој на културата во 2018 година, информира градоначалникот Ногачески.

No automatic alt text available.

Целта на овој и следните проекти во оваа област е Дебрца да прерасне во високо рангирана природна и археолошка туристичка дестинација.

Image may contain: outdoor

– Општината Дебрца е една од врвните оази на културното наследство и природното богатство на Република Македонија. Во овој сеуште девствен природен рај, очигледно е дека никогаш не сме биле сами. Тука вредните раце на голем број човечки души во изминатите столетија ги оформувале своите огништа. Тука биле огромен број села и десетина древни градови, информира Ногачески, кој додава дека истражувачкиот тим работел и на локалитетите „Градиште“ во Лешани и „Кула“ во Песочани, а следна дестинација ќе биде „Кула“ во селото Годивје. (Крај)

извор: Општина Дебрца фото: Општина Дебрца