Во Охрид се снима краткиот игран филм „Јов“

Охрид, 14. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со снимање на подводни сцени во Охридското Езеро, вчера падна првата клапа на краткиот игран филм со работен наслов „Јов“, во режија на Александар Андоноски.

Филмот претставува интимна приказна за загубата, очајот, тагата и новата реалност што се изнедрува од нив, јави порталот plusinfo.mk.

Сценариото е на Оливера Андоноска, главните улоги ги толкуваат Димитар Ѓорѓиевски и Марија Спиркоска-Илијеска, а директор на фотографија е Тони Коцев.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а е во продукција на „Видео Студио Петковски“. (Крај)

извор: plusinfo.mk фото: plusinfo.mk