По дебатата, Димитров и Рот на веслање по Охридското Езеро (Фото)

Охрид, 14. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Првиот човек на македонската дипломатија Никола Димитров, во друштво на државниот министер за Европа при германското МНР Михаел Рот, кој денес беше во посета на Охрид, го искористи убавиот и сончев ден за веслање со кајак по езерото со германскиот колега.

Државниот министер Рот денес беше дел од интерактивната дебата „Македонија на патот на ЕУ“ одржана на Античкиот театар во Охрид во присуство на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски.

Image may contain: 1 person, ocean, outdoor, water and nature

– Со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, веславме по Охридското Езеро, напиша Димитров на неговиот профил на Facebook. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Никола Димитров