Промоција, забава, награди – Продажна акција во „Кармен Бауцентар“ (Фото/Видео)

Охрид, 14. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на охридски „Кармен БауЦентар“ денес се одржа првата од двете големи промоции и продажни акции, предвидени за овој период од годината.

Бројните посетители имаа можност да ги видат можностите на професионалните и светски докажани брендови алат како „DeWALT“, „Black+Decker“, „Stanley“, „Graphite“ и други. Во комбинација со многу музика, забава и награди со тимот на Супер радио, акцијата помина одлично и ќе трае во текот на денот.

Image may contain: 1 person, standing, on stage and outdoor

Image may contain: one or more people

Image may contain: 3 people

– Следејќи го светскиот тренд во развојот на електричен алат, „Кармен БауЦентар“ денес и утре организира промоција со стручна презентација на професионалните и светски докажани брендови како „DeWALT“, „Black+Decker“, „Stanley“, „Graphite“ и други. Секој купувач ќе има можност лично да го тестира посакуваниот алат, а воедно следуваат попусти до 20% како и подароци. Купувачите ќе имаат можност поблиску да се запознаат со спецификациите на германскиот ламинат „Swiss Krono“ за кој е предвидена специјална акција. Нашите системи се нераскинлив дел и се на водечките позиции во градежништвото, сеедно дали се работи за приватна куќа, зграда, нов стан или адаптирање на постоечки простор. Тука со гордост ги застапуваме лидерите во градежништвото како „Bekament“, „Knauf“, „Ursa“, „Armstrong“ и други, порачуваат од „Kармен БауЦентар“.

Image may contain: one or more people and outdoor

Image may contain: 3 people, people smiling

Следната забава, повторно со тимот на Супер радио е утре, во терминот од 10:00 до 12:00 часот.
Центарот се наоѓа на улицата „Железничка“ број 3 во Охрид, а сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на нивната официјална страна на Facebook, телефонот 046/258-285 или на маил адресата: baucentarohrid@karmen.com.mk. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес