Охридски таеквондисти, како дел од државната репрезентација ќе настапат на Балканското првенство во Букурешт

Букурешт, 14. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридски таеквондисти, како дел од државната репрезентација на Република Македонија, викендов ќе бидат дел од Балканското првенство во Таеквондо, кое ќе се одржи во Букурешт.

– 52 репрезентативци од сите клубови, членки на МТФ, викендов ќе ги бранат боите на Република Македонија на Балканско првенство во олимписко таеквондо, кое ќе се одржи во Букурешт, Романија. Двајца претставници од охридскиот таеквондо клуб „Хваранг Фист“ ќе бидат дел од македонската репрезентација. Боите на државата ќе ги бранат охриѓаните Филип Јосифоски, црн појас – 2 дан и Василија Јовчески – 1 дан, информираат од „Хваранг Фист“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Хваранг Фист