hotelibcentar

Охрид наскоро ќе добие уште еден хотел во строгиот центар на градот

Охрид, 15. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Хотелско-угостителската понуда во Охрид наскоро ќе биде збогатена со уште еден репрезентативен угостителски објект, во строгиот центар на градот.

Полека завршуваат поголемите градежни зафати на изградбата на новиот хотел, сместен во еден дел од поранешните простории на „Охридска банка“.

Станува збор за сериозна инвестиција на охридската компанија „Инфобиро“, во склоп на која веќе работат и ИБ Фитнес центарот и Бистро „Корнер“.

Сопствениците најавуваат репрезентативен објект, а како посебна карактеристика ќе бидат ресторанот и кафе барот на самиот врв на објектот, од каде ќе се пружа прекрасен поглед кон Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес