kamacho

Габон го отпушти Хозе Антонио Камачо

Либрвил, 16. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Шпанскиот стручњак Хозе Антонио Камачо по две години не е повеќе селектор на Габон, откако вечерва заработи отказ.

Габон под палката на Камачо запиша само две победи во 17 натпревари, па отказот беше неминовен.

Камачо го наследи Португалецот Жорге Коста во август 2016 година, но во ниту еден момент не ги собра симпатиите на домашната јавност, па отказот не беше изненадување. Пред да ја води селекцијата на Габон, поранешниот лев бек на Реал Мадрид беше и селектор на Шпанија и Кина.

Во клупскиот фудбал, Камачо ги водеше Осасуна, Бенфика, Еспањол, Севиља и Рајо Ваљекано. (Крај)

извор: Гол.мк фото: архива