„Акватек“: Во езерото се пуштаат неавтохтони видови на животни (Видео)

Охрид, 15. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид посочуваат на појавата на пуштање на неавтохтони видови на животни во водите на Охридското Езеро.

– Во Охридското Езеро вчера снимивме јапонски крап и успеавме да се „дружиме“ со него полни 10-тина минути. Апелираме да не се пуштаат во езерото неавтохтони видови на животни бидејќи можат лошо да влијаат врз биодиверзитетот на езерото, реагираат од „Акватек“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Акватек