Vejd

Вејд пресече: Или ќе играм во Мајами, или ова е крај за мене

Флорида, 16. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најдобрите бекови во историјата на НБА лигата, Двејн Вејд, уште не ја донел конечната одлука за својата кариера, но списокот на екипи го сведе на минумум.

Тој во 2003 година беше драфтуван од Мајами Хит и таму ги одигра првите 13 сезони во најсилната кошаркарска лига во светот. Потоа се пресели во родниот Чикаго, а неколку месеци го носеше и дресот на Кливленд, заедно со Леброн Џејмс.

Сега е слободен агент, постоеја информации дека сака да продолжи во Европа или Кина, но сето тоа беше демантирано директно од него.

„Секогаш сум велел, уште кога се вратив во Мајами, ова е местото за мене. Не би сакал да ги пакувам торбите и да заминам во друга екипа. Тука ми е фамилијата, моите деца учат школо тука, па така, ако не го носам дресот на Мајами наредната сезона, сигурно ќе го носам под мојата јакна или дуксер“ , вели 36-годишниот ветеран.

Екипата од Флорида има две опции кои може да му ги понуди на својата легенда. Едната е да му даде ветерански минимум од 2,4 милиони долари, а другата 5,3 милиони долари, како исклучок за него поради годините кои ги помина, носејќи го дресот на „жешките“. (Крај)

извор: Гол.мк фото: архива