Втор ден промоција, забава, награди – Викенд продажна акција во „Кармен БауЦентар“ (Фото/Видео)

Охрид, 15. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – По супер-супешната промоција и продажна акција од вчера, денес во просториите на охридски „Кармен БауЦентар“ се одржа и вториот ваков настан, кој повторно понуди врвни производи по најприфатливи цени, но и СУПЕР забава со тимот на Супер радио.

Бројните посетители и денес имаа можност да ги видат можностите на професионалните и светски докажани брендови алат како „DeWALT“, „Black+Decker“, „Stanley“, „Graphite“ и други. Во комбинација со многу музика, забава и награди со тимот на Супер радио, акцијата помина одлично и ќе трае во текот на денот. Жанко ЗШ Голабоски и Dj Regie Rules со одбрана музика и забава, направија овој настан да биде уште подобар и поинтересен за купувачите.

Image may contain: 4 people, people standing and outdoor

Image may contain: 1 person, outdoor

Image may contain: 1 person, smiling, standing

– Следејќи го светскиот тренд во развојот на електричен алат, „Кармен БауЦентар“ денес и утре организира промоција со стручна презентација на професионалните и светски докажани брендови како „DeWALT“, „Black+Decker“, „Stanley“, „Graphite“ и други. Секој купувач ќе има можност лично да го тестира посакуваниот алат, а воедно следуваат попусти до 20% како и подароци. Купувачите ќе имаат можност поблиску да се запознаат со спецификациите на германскиот ламинат „Swiss Krono“ за кој е предвидена специјална акција, порачуваат од „Kармен БауЦентар“.
Овие системи се нераскинлив дел и се на водечките позиции во градежништвото, сеедно дали се работи за приватна куќа, зграда, нов стан или адаптирање на постоечки простор. „Kармен БауЦентар“ е застапник за лидерите во градежништвото како „Bekament“, „Knauf“, „Ursa“, „Armstrong“ и други.

Image may contain: 1 person

Image may contain: 3 people, people standing and outdoor

Image may contain: 2 people, shoes and outdoor

Центарот се наоѓа на улицата „Железничка“ број 3 во Охрид, а сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на нивната официјална страна на Facebook, телефонот 046/258-285 или на маил адресата: baucentarohrid@karmen.com.mk. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес