Прв ден на ЕТУ Балканското првенство во триатлон во Охрид

Охрид, 15. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Македонската триатлон федерација и Асоцијацијата „Спорт за сите-сите за спорт“, денес во Охрид се одржа првиот ден на ЕТУ Балканското првенство во триатлон.

Учествуваа спортисти од над 20 држави, од кои голем број ги завршија макотрпните патеки за велосипед, пливање и трчање.

Во Елит категоријата (1998 и постари) се пливаа 750 метри, по што се возеа 20 километри со велосипед и уште 5 километри со трчање. Во категоријата Јуниори (1999-2002) се пливаа исто така 750 метри, се возеа 20 километри на велосипед и се трчаа уште 5 километри. Во категоријата Кадети (2003-2005) се пливаа 375 метри, се возеа 10 километри со велосипед и се трчаа 2,5 километри.

На кадетскиот Балкански Куп, Емир Арици, Габријел Барац и Таха ерен Чошгун беа на подиумот од машка категорија. Од женска 3-те клучни позиции ги земаа Илкбен Сариташ, Лана Гравриловиќ, Сара Сзабо. Најдобри од женска категорија на Балкански и ЕТУ куп за јуниорки беа Тјаша Вртациц, Тил Очвирк, Ивана Граноша, а за машка Лука Гргориниц, Јан Шкрјанц и Ерик Рогоз Лоринц. Од елит категоријата во машка конкуренција победија Огњен Стојановиќ, Пеер Сонксен и Јакопо Бутурини, а во женска Вида Медиќ, Ипек Озтосун и Еце Цалп.

Утре ќе се одржи натпреварот за категории по возрасти, натпреварот за деца под 12 години и ЕТУ купот во штафетен триатлон, мешани парови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива