ФФМ додели 30 илјади евра на репрезентацијата за Гибралтар и Ерменија

Охрид, 15. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), одржана во Охрид, меѓу другото беше донесена одлука да се исплати премија на репрезентативците на Македонија и на стручниот штаб.

Станува збор за награда од 30 илјади евра за победите против Гибралтар и Ерменија во рамки на УЕФА Лига на Нации.

На седницата се задолжи и Генералниот Секретар за отпочнување на активности во насока на подготовка на измени и дополнувања на статутот на Фудбалската федерација. (Крај)

извор: Независен фото: архива