FK Lihnidos

ГФК „Охрид Лихнидос“ денес игра против Фламуртари

Охрид, 16. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Градскиот клуб „Охрид Лихнидос“ денес пред нов спортски предизвик.

Откако со последната победа над Влазними се зацврстија на првата позиција, денеска од 15:30 часот на домашен терен го пречекуваат тимот на Фламуртари, кој е последен на табелата со нула бодови.

Моментално охриѓани имаат максимални 9 бодови, по победите во досегашните три кола.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива