Заврши „Витаминка и Тамаро“ SUMMER TAXI, нашиот авто-миленик ќе ја краси фабриката во Прилеп (Фото)

Охрид, 18. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со предавањето на нашиот авто-миленик, брендираното „Рено 4“, кое беше чест гостин изминатово лето на охридските улици, денес и официјално заврши најновиот проект на охридските „Тамаро“ маркети и Супер радио – летното „Витаминка“ такси.

Во текот на месеците јули и август, посебно брендираното „Витаминка“ возило, беше вистинска атракција за охриѓани, но и за гостите. Екипа на „Тамаро“ и Супер радио денес го однесе до Прилеп, каде ќе ја краси мега-фабриката на „Витаминка“.

– Ви благодариме за соработката и Ви посакуваме ова наше авто-милениче уште долго да го краси фабричкиот круг на „Витаминка“. Имавме навистина успешна соработка и ова лето помина фантастично во оснос на промоцијата на највкусните „Витаминка“ производи во поширокиот регион на Охрид, истакна Жанко ЗШ Голабоски во име на „Тамаро“ и Супер радио на примопредавањето на клучевите.

Од „Витаминка“ истакнаа дека се задоволни поради успешниот проект и најавија соработка и во иднина.

Проектот кој внесе вистинска свежина во делот на забавата ова лето во Охрид траеше во текот на месеците јули и август, најатрактивните месеци во текот на летото.

Од целото патешествие и патот од Охрид до Прилеп, наскоро ќе гледаме и видео запис, а до тогаш погледнете дел од фотографиите.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес