kompjuteridonacija

Охридската филијала на Комерцијална банка донираше компјутери за ОУ „Ванчо Николески“

Охрид, 19. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Комерцијална банка АД Скопје, Филијала Охрид донира 5 компјутери за ОУ „Ванчо Николески“, кои соодветно ќе бидат распределени во централното и во подрачните училишта.

– Компјутерите се во целосно исправна состојба и веднаш ќе почнат да се користат во наставата со учениците. Преку оваа донација се подобруваат условите за работа во училиштето и квалитетот во воспитно образовната работа воопшто, информираат од училиштето од каде изразуваат искрена благодарност до оваа општествено одговорна компанија на покажаната иницијатива и донација.

Додаваат дека соработката помеѓу училиштето и Комерцијална банка ќе продолжи и во иднина, преку различни форми на меѓусебна поддршка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива