den bez avtomobili 2018

21-ви септември, Ден без автомобили во Охрид

Охрид, 19. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – И општина Охрид ќе ја одбележи „Европската недела на мобилност“, од 17-ти до 22-ри септември, односно 21-ви септември – Ден без автомобили.

Според најавите од локалната самоуправа предвидено е настанот да започен со презентација, која ќе се одржи во петок од 10:00 часот, на која ќе се обрати заменик градоначалникот на Охрид. Во периодот од 11:15 до 12:15 часот ќе има велосипедско дефиле, кое ќе е одвива по улиците „Димитар Влахов“,„Кузман Јосифовски“ од пресекот со „Димитар Влахов“ до пресекот со „Партизанска“, потоа улица „Партизанска“ од пресекот со „Кузман Јосифоски“до пресекот со „Јане Сандански“ и дел од улицата „Јане Сандански“ од пресекот со „Кеј Македонија“, по „Кеј Македонија“ преку мост „Билјанини извори“ до плажа „Амброзија“ и назад до улица „АСНОМ“ од улица „АСНОМ“ до „Булевар Туристичка“, од „Булевар Туристичка“ по улица „Димитар Влахов“ до општина Охрид.

На крајот од дефилето следуваат награди за учесниците во настанот.

Петок, 21-ви септември општината го прогласи за Ден без автомобили и ги повикува граѓаните масовно да се вклучат во оваа акција и барем еден ден во годината на работа да дојдат без автомобили.

– Во петок оставете го автомобилот дома и уживајте во возење на велосипед или пешачење, знаејќи дека ќе го направите вистинскиот потег за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина, порачуваат од локалната. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива