Lajani

Мохамед Лајани суспендиран на два турнири

Париз, 19. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Светската тениска асоцијација (АТП) излезе со соопштение дека судија Мохамед Лајани е суспендиран на два турнири (со несудење) поради кршење на правилото на непристрасност.

Тој за време на одржувањето на УС Опен, во текот на мечот меѓу Ник Киријос и Пјер Иго Ербер слегол од столот и разговарал со незаинтересираниот Киријос, се со цел „да му помогне“ на Австралиецот.

Во дописот од АТП стои дека Лајани го прекршил правилото на непристрасност до кое треба да се држат судиите. Лајами нема да може да суди на турнирот во Пекинг и на Мастерсот во Шангај.

Пјер Иго Ербер кој го загуби дуелот со Киријос, по завршувањето на мечот се пожалил кај супервизорот на однoсот на судијата, истакнувајќи дека нему не му е работа да ги мотивира тенисерите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: youtube