oliverspasovski

Министерот Спасовски ќе се обрати на безбедносниот форум „Џорџ Маршал“ во Охрид

Охрид, 19. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски денеска ќе учествува на „Џорџ Маршал“ Безбедносниот Форум, кој се одржува во Охрид.

Во рамките на шестата сесија на форумот, Спасовски ќе има обраќање на тема: „Регионален пристап кон миграцијата – Од хуманитарни до безбедносни закани – Мит или реалност“.

Форумот се одржува во хотелот „Гранит“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива