soobrakajkaopsta

СВР Охрид со официјално соопштение за сообраќајната незгода на Мендух Тачи

Охрид, 19. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, околу 07:15 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на аеродромот, случена е сообраќајна незгода во која учествувал патнички автомобил марка Ауди А8 со тетовски регистарски ознаки.

– Сообраќајната незгода е случена во момент кога А.Ф.(52) возач на автомобилот, движејќи се во насока од Кичево кон Охрид, изгубил контрола врз возилото и излетал на десната страна надвор од патот, по што со предниот дел удрил во бетонски испуст за вода. Во сообраќајната незгода нема повредени лица а причинета е материјална штета. По овластување на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода извршен е увид, информираат од СВР Охрид.

Порталот Плусинфо денес објави дека во возилото бил и лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи, кој се здобил со мали повреди на нозете. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива