rabotnickiprava

Инфо ден во рамките на кампањата „365 работнички права на младите“ во Охрид

Охрид, 20. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ од Охрид, утре ќе организира инфо ден, во рамките на националната кампања „365 работнички права на младите“.

– Кампањата ја спроведуваат младинските информативни и советодавни центри „Инфо сега“ од Прилеп и Кавадарци, во соработка со www.fakulteti.mk и конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. Оваа кампања вклучува серија активности, во текот на целата 2018 година, информираат организаторите.

Инфо денот ќе се одржи на Градскиот плоштад со почеток во 11:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива