vmroohridlogo

Во недела протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Охрид, 21. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – ВМРО-ДПМНЕ во недела во Охрид ќе го одржи шестиот „Протестен марш“ против политиките на Владата на Република Македонија.

Партијата ги повикува на протест „сите кои ги осудуваат погрешните владини политики и сите оние кои се против спроведувањето на антимакедонските политики на Владата на РМ и СДСМ“.

Протестниот марш ќе се одржи на кејот на Охриедското Езеро со почеток во 13:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива