ohridseptemvri20185

Во Охрид денес сончево и топло со температура до 28. степени

Охрид, 22. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала облачност.

УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени.

– До понеделник продолжува периодот на стабилно, суво и топло време за овој период од годината. Од понеделник кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето која во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава за повеќе од 10 степени, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес