grabezpistol

Кривични за две лица од Велешта и Либражд, Албанија кои ограбиле бензинска пумпа во струшко

Струга, 22. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, Секторот за внатрешни работи од Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 24-годишниот К.М. од струшкото село Велешта и 27-годишниот П.О. од градот Либражд, Република Албанија.

– Пријавените, казненото дело го сториле на трети август оваа година, во 03:45 часот на бензинска пумпа во близина на струшкото село Велешта. Тие, влегле во објектот и со вперен пиштол кон вработените, ги побарале парите од прометот, по што извршиле пребарување во фиоките. Притоа, противправно одзеле 23.563 денари и жетони во износ од 2.940 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива