Нови корпи за ситен отпад во центарот на градот

Охрид, 24. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ започнаа со замена на старите и дотраени корпи за ситен отпад со нови.

– Заменети се 10 корпи во паркот кај Градското пристаниште, а во текот на наредните денови ќе се врши замена на корпите за ситен отпад и на останатите места, информираат од претпријатието. (Крај)

извор: Охридски комуналец фото: Охридски комуналец